Македонецот ќе бара нов ангажман: Се разделија Илиев и Сараево

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев во новата сезона нема да биде дел од Сараево откако клубот од Босна и Херцеговина и македонскиот голман се договориле за прекин на соработката, официјално соопшти клубот од главниот град на оваа поранешна југословенска држава.

Сега 29-годишникот кој во минатото играше и за Беласица, Арсенал и Хелсинки, а како позајмен фудбалер настапуваше и за Тренчин, Серед, Шузбери и Јагеилониа пристигна како слободен играч во Сараево на почетокот на февруари 2024 година и настапи на 12 натпревари во елитното првенство во БиХ.

Се вчитува...