Меѓународниот фудбалски институт (CIES), со седиште во Нојшател, Швајцарија, објави листа на највредни играчи во регионот.
Како што се очекуваше, на прво место, убедливо најмногу пари, некој иден клуб треба да издвои за асот на Црвена Ѕвезда со македонско потекло Василија Костов. Вредноста на суперталентираниот играч за врска е дури 21,9 милиони евра.
Втората и третата позиција ги заземаат двајца играчи на Динамо Загреб, Дион Бело (14,3 милиони) и Серхио Домингез (10,4 милиони). На оваа листа за жал нема фудбалери од Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

