Марко Миловановиќ играше извонредно во текот на целиот шампионат во Сараево, па македонскиот репрезентативец апсолутно заслужено беше избран и за дел од дрим-тимот на Европското првенство за кошаркари до 16 години.
Македонија се пласираше на третата позиција и обезбеди влез во елитата, а Миловановиќ беше меѓу најзаслужните и за синоќешниот триумф над Чешка, потврдувајќи го местото меѓу петмината играчи кои го одбележаа овој шампионат.
Покрај Миловановиќ, дел од дрим-тимот на овој шампионат се и Русинот Павел Савков, кој беше избран и за МВП на првенството, потоа Александр Евсеев од Русија, Алем Хусеиновиќ од БиХ и Ондреј Ханзлик од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА