Македонецот не запира: Миовски со нов гол за Абердин (видео)

Бојан Миовски продолжува со одличните настапи во дресот на Абердин, откако македонскиот голгетер блесна и на вечерашното гсотување против Стирлинг Албион.

Абердин триесетина минути се мачеше да го скрши отпорот на домаќинот, пред тоа да му појде од нога на Миовски, кој со прецизен удар по земја го изненади домашниот голман и го донесе својот тим во водство.

За потсетување, ова е втор овосезонски погодок за Миовски, кој минатиот викенд стрелаше прецизно и на дуелот со шампионот Селтик.

Се вчитува...