Дејан Кулушевски, со вчерашните две асистенции против Манчестер Сити, го одведе својот тим во следната фаза од Лига Купот. Швеѓанецот со македонско потекло знае да блесне во англискиот тим.
После натпреварот изјави дека сака да стане еден од најдобрите играчи на светот, и да покаже дека тоа е можно.
„Добро е што победивме еден голем тим како Манчестер Сити кој немаше пораз до дуелот со нас. Да бидам искрен, тоа не ни значеше многу. Среќни сме што победивме, но веќе се фокусираме кон следниот меч со Астон Вила. Што се однесува до мојот настап, сакам да покажам дека можам да бидам еден од најдобрите во светот“, рече Кулушевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА