Ервин Цого, поранешен македонски кошаркар и доскораешен баскетџија, ја предводеше селекцијата на Швајцарија до финалето на Светското првенство во баскет 3х3.
Швајцарците го елиминираа првиот фаворит Србија, и така се пласираа во финалето. Ова беше воедно и голема сензација во натпреварувањето, затоа што малкумина кој ја гледаше Швајцарија во битка за пехарот.
Швајцарците на крајот славеа со 21-11, и ќе се борат за златен медал. При резултат 15-9 за Швајцарија, невреме го прекине мечот, но тоа не ги поремети избраниците на Цого да дојдат до победата.
Швајцарија ќе игра во финалето со победникот од мечот меѓу Шпанија и Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

