Македонецот Цого со сребро: Шпанија е нов светски првак во баскет 3х3

Македонскиот тренер Ервин Цого, кој е селектор на баскет репрезентацијата на Швајцарија, не успеа да се закити со златниот медал на Светското првенство во баскет 3х3, откако во финалето неговата селекција загуби во финалето од Шпанија со 17-21. Претходно Швајцарците ја елиминираа Србија, еден од главните фаворити за првото место.

Уште од самиот старт Шпанците ја презедоа контролата, и освен што губеа 1-0, во текот на целиот меч доминираа, и на крајот славеа со 17-21.

Претходно Србија во малото финале ја совлада селекцијата на Германија со 21-16.

Се вчитува...