Македонецот Ваневски до бронза на „street workout sets and reps“ во Љубљана

Македонецот Филип Ваневски на овогодинешното државно натпреварување на Словенија во street workout sets and reps или познато како улично вежбање во категоријата body weight sets and reps го освои третото место и бронзениот медал.

Филип во Словенија студира на Факултетот за Спорт, на Универзитетот во Љубљана. По освојување на пиедесталот гордо зачекори со македонското знаме.

На самото натпреварување учествуваа 23 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две различни дисциплини. Овој настан беше во организација на Street Workout Slovenija и се одржа во Љубљана.

Се вчитува...