Македонецот Волкановски го претепа Кореецот Јанг и испиша историја во УФЦ (ВИДЕО)

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата запишувајќи ја 11 победа во исто толку борби во УФЦ.

Волкановски титулата во перо категорија ја оствари со победа над Чанг Сунг Јанг. По првата солидна борба, Волкановски на крајот на втората буквално го претепа корејскиот борец. Неговиот тим се обиде на паузата да му ги санира повредите, меѓутоа на стартот на третата рунда Волконовски повторно го „отвори“ својот противник па судијата мораше да ја прекине борбата.

 

Се вчитува...