Не се очекуваат никакви промени во составот на Македонија за денешниот дуел против Велс (20:45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски најверојатно ќе игра со истиот тим како против Лихтенштајн.
Може да има промени во тактичката поставеност, односно крилните играчи Алиоски и Чурлинов да мора повеќе да помагаат во одбранбените задачи, со оглед дека крилните фудбалери на Велс се најсилното оружје на гостинската селекција.
Дефинитивно од составот отпадна Стефан Ашковски кој не го издржа и вчерашниот тренинг, и нема да се смета на него ниту на овој меч.
Двете селекции во пресметката влегуваат со по три бода освоени во првото коло против Лихтенштајн на гости, односно против Казахстан дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА