Шансите на одбојкарската репрезентација на Македонија за победа над Холандија значително се намалуваат откао непосредно пред мечот дојде до информација дека на овој дуел ќе настапиме без нашиот најдобар одбојкар и капитен, Никола Ѓоргиев.
Ѓоргиев нема да биде на располагање за овој натпревар поради болки во ‘рбетот, а селекторот Јошко Миленковски не би сакал да ризикува пред утрешниот клучен меч за третото место и избегнување на Италија во осминафиналето, против репрезентацијата на Чешка.
За потсетување Македонија веќе испиша историја откако веќе и официјално се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри на стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА