Капитенот Кире Лазаров нема да игра за македонската репрезентација на саботниот контролен натпревар со Русија во СЦ „Јане Сандански“. Лазаров вчера и се приклучи на репрезентацијата и ќе ги одработи репрезентативните подготовките во неделата на ЕХФ, но ќе го пропушти контролниот дуел, бидејќи тоа е барање од неговиот клуб Нант.
„Кире е тука тренира, само нема да игра на дуелот со Русија. Нант побара тој да биде поштеден на натпреварот и тој ќе го пропушти мечот“ – потврди директорот на македонската репрезентација, Милчо Чакарески.
Лазаров неодамна се врати на терен по речиси двомечната пауза поради повредата на задната ложа со која се здоби на јануарското ЕП во Хрватска. За да се избегне непотребен ризик, од францускиот тим бараат поштеда за Лазаров на репрезентативниот собир бидејќи македонскиот капитен им треба во полна форма за настапот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Скјерн
Селекторот Раул Гонзалес од денеска на располагање ги има сите ракометари. Последен на националниот тим ќе му се приклучи голманот Борко Ристовски кој доби принова во семејството и денеска е ослободен од обрвските.
Подготовки во неделата на ЕХФ се прв собир за македонската репрезентација пред јунскиопт бараж за СП 2019 против Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА