Македонија без Марко Митев на мечот со Гвинеја

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија ќе биде ослабена на денешниот натпревар од третото коло во групата Д од СП 2025 против селекцијата на Гвинеја, откако Марко Митев поради повреда отпадна од комбинција за настап на овој дуел.

Одличниот бек се пожали на повреда по бројните дуели и груби стартови на холандските ракометари, тој вчера не тренираше, а стручниот штаб реши да не ризикува, па Митев денешниот натпревар ќе го следи од трибините на арената во Вараждин.

На негово место селекторот Лазаров во составот го вклучи пивотот Карасманакис, кој ќе има можност за мундијалско деби во дресот на Македонија.

Се вчитува...