Филип Миркуловски дефинитивно нема да биде во составот на македонската репрезентација на претстојното Светско првенство во Германија и Данска. Иако и претходно најави дека планира да стави конечен крај на репрезентативната кариера, средиот бек денеска и официјално потврди дека нема да игра на СП во јануари.
„Многу ми е жал. Но, тоа е тоа. Влечам многу повреди и не сум подготвен да одиграм на ниво на кое што треба да сум и на кое што сите очекуваат да сум. Им посакувам на момците многу среќа и пласман во Олимписки квалификации“, изјави Миркуловски за порталот g-sport.mk.
Селекторот Раул Гонзалес најверојатно утре ќе го соопшти скратениот список на репрезентативци со кои во понеделник ќе ги почне подготовките пред настапот на СП. Сега се поизвесно е дека во составот на репрезентацијата ќе има промени и извесно подмладување.
Во прелиминарната фаза на СП , македонската репрезентација ќе игра во групата Б во минхен во која за противници ги има Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. Во првиот натпревар на шампионатот Македонија на 11 јануари ќе игра против селекцијата на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА