Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Во овој прозорец Македонија нема да смета на својот прв голман, Јован Мицевска.
Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата на Германија, во Гумерсбах а потоа следи натпреварот против селекцијата на Словенија во Битола во „Боро Чурлевски“ на 19 октомври со почеток во 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

