Македонија без промена на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација останува на 65. место и на најновото рангирање од страна на ФИФА, листа што беше објавена денеска од страна на светската куќа на фудбалот.

„Црвено-жолтите“ имаа разочарувачки резултати во ноември, најпрвин ремизираа дома со Летонија, а потоа загубија убедливо од Велс со 7-1, што значеше и губење на бодови за ФИФА рангирањето, но исто така и задржување на пласманот што го имаа во месец октомври.

Пред Македонија и во ноемвриското рангирање се Буркина Фасо, Албанија и Хондурас, а веднаш зад нашиот национален тим се селекциите на Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Капо Верде, Северна Ирска…

Врвот на ФИФА ранг-листата и овој месец е резервиран за Шпанија, а нема промени во Топ 4 каде зад „црвената фурија“ се наоѓаат Аргентина, Франција и Англија. Бразил има скок од две позиции и се наоѓа на петтото место, прескокнувајќи ги во однос на претходната ранг-листа селекциите на Португалија и на Холандија.

Се вчитува...