Женската репрезентација на Македонија видно ослабена отпатува за Подгорица, каде утре против Црна Гора ќе го одигра вториот меч од ЕХФ ЕВРО купот.
Селекторот Љубомир Савевски на овој меч поради повреда нема да може да смета на најискусните, Сара Ристовска и капитенот Елена Ѓорѓиевска. Исто така во Подгорица не отпатува и Јована Саздовска, која поради повреда го пропушти и мечот во Скопје.
„Поради повреда во Црна Гора не патуваат Ѓорѓиевска, Ристовска, Саздовска и Коларовска. Во моментов повеќе личиме на кадетско младинска репрезентација бидејќи просекот на години ни е 20,3. Сепак, убеден сум дека ќе одиграме подобро и посигурно од првиот меч во кој исто така имавме шанси и неколкуте грешки и две/три судиски одлуки не чинеа подобар резултат. Патуваме со седумнаесет ракометарки и атмосферата во репрезентацијата е одлична“, изјави Савевски за ЕКИПА.МК.
За потсетување првиот натпревар во Скопје заврши со победа на Црна Гора од 21-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА