Македонија без Стојановски и Крстевски против Бугарите

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков, нема да смета на Војдан Стојановски и на Бојан Крстевски за утрешниот пријателски натпревар против Бугарија. Ситуацијата околу Крстевски е веќе позната, кошаркарот се справува со повреда на тетивата и ќе паузира најмалку десетина дена. Капитенот на репрезентацијата, Војдан Стојановски на вчерашниот тренинг се пожали на болки во коленото, а по лекарските прегледи донесена е одлука да го пропушти мечот со нашиот источен сосед, со цел да биде подготвен за претквалификацискиот циклус.

„Во Бугарија ќе одиме без Бојан Крстевски и Војдан Стојановски. Крстевски веќе подолго време се справува со повредата на тетивата, и нема да биде достапен за тимот уште најмалку десетина дена. Стојановски пак, на вчерашниот тренинг се пожали на болки во коленото. По извршените прегледи, лекарскиот тим препорача Стојановски да отсуствува од средбата со Бугарија, за да ни биде на располагање за дуелот против националниот тим на Косово“, истакна Давитков за официјалната веб страница на кошаркарската федерација.

Дуелот со репрезентацијата на Бугарија е закажан за в петок, со почеток во 17 часот, според македонско време.

Се вчитува...