Селекторот Благоја Милевски се соочува со проблеми пред натпреварите против Летонија и Ерменија во Лигата на Нации бидјеќи нема да може да смета на репрезентативците Александар Трајковски и Дарко Чурлинов поради повреди.
Трајковски кој веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките.
Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата меча против Летонија и Ерменија и на Дарко Чурлинов. Чурлинов се повреди на синоќешниот натпревар на Јагелонија против Легија од полското првенство.
До овој момент, стручниот штаб во репрезентацијата нема да повикува дополнителен повик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА