Македонија дефинитивно без Димитријевиќ против Литванија во Скопје

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде ослабена на првиот меч против Литванија во Скопје. Ќе остане без услугите на Ненад Димитријевиќ, кој има обврски со клубот во Евролигата.

И покрај тоа што селекторот Александар Јончевски го вметна во списокот на играчи за мечот со Литванците, сепак, не доби зелено светло од Милано да игра, а исто така не е познато дали ќе биде дел и од селекцијата на гостувањето.

„Нема да играм на првиот меч. Истиот ден играме против Макаби во Евролигата и нема да можам да бидам на натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе победиме“, рече Димитријевиќ во интервјуто на „Спорт клуб“.

Истиот ден евролигашки натпревар има и Ти Џеј Шортс кој игра во Париз, па ниту еден од двајцата нема да игра за Македонија.

Затоа Нено би можел да биде дел од реваншот, ако Милано му дозволи со оглед дека на 24. ноември тој е слободен и нема обврски кон својот клуб.

Се вчитува...