Македонија дефинитивно без Јагуриновски на ЕП

Селекторот на македонскиот национален ракометен тим Кирил Лазаров, нема да смета на Томи Јагуриновски на престојното Европско првенство. Десниот бек кој играше и како крило, веќе се врати на тренинзите во неговиот клуб ГРК Охрид, каде ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната.

Згора на тоа Јагуриновски лечеше и повреда, од која не успеа навреме да се рехабилитира, па нема да биде во составот на Македонија за престојниот собир на најдобрите европски репрезентации.

Селекторот Лазаров претходно најави дека 19 ракометари ќе бидат дел од селекцијата за ЕП 2026 година, и не е исклучена можноста составот да биде скратен само со едно име. Се очекува уште еден „рез“ да има и непосредно пред почетокот на ЕП.

Македонија на ЕП ќе игра против Данска, Португалија и Романија, во мечеви кои се играат во Хернинг.

Се вчитува...