Македонската младинска кошаркарска репрезентација настапот на Евробаскетот во „А“ дивизија во Полска го започна со убедлив пораз од Шпанија од 93-38.
Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит на денешната средба улогата ја потврдија уште од самиот старт и во ниту еден момент не стравуваа за првите два бода на шампионатот притоа нанесувајќи го еден од најболните порази во историјата на македонската младинска репрезентација која постигна само 38 поени, што е втор најлош поентерски учинок по 2011 година.
Единствен натпревар на кој Македонија постигна помал број на поени беше при поразот од Белорусија со 85-33 на првенството во „Б“ дивизија во 2016 година.
Тројката на Симиќ во вториот македонски напад на средбата и донесе на Македонија предност од 2-3, а тоа беше единственото водство на „црвено-жолтите“ на средбата. Од минута во минута Шпанците ја зголемуваа предноста која по првата четвртина изнесуваше 21-9. „Црвената фурија“ продолжи фуриозно, а Македонија потфрли до крајот на првото полувреме постигнувајќи само четири поени за негатива од 48-13 на „големиот одмор“.
По него не се променија работите на теренот. Шпанија продолжи да го диктира темпото на двете страни од теренот, умешно го затвори пристапот до рекетот, а шутот на беше во полза на македонските младинци ја од минута во минута дополнително се зголемуваше предноста за пораз од – разлика на крајот на средбата.
Пех за Македонија беше и повредата на Павел Иванов кој на четири минути пред крајот на средбата мораше да го напушти теренот.
Ниту еден македонски кошаркар не ја надмина границата од двоцифрен број на постигнати поени. Најблиску до тоа беше Бошалески кој реализираше седум поени. По шест додадоа Јовановиќ и Луканоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА