Македонската ракометна репрезентација денеска од 19:30 часот преку ждрепката во Загреб ќе ги дознае противниците во групната фаза за Светското првенство 2025 година кое во јануари следната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија се наоѓа во третиот квалитативен шешир заедно со репрезентациите на Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир, селекции кои не може да бидат наши противници во групната фаза.
Избраниците на Кире Лазаров се изборија за учество на Мундијалот низ бараж пресметката со Фарските острови, продолжувајќи ја на тој начин континуираната македонска партиципација на најголемите светски ракометни собири.
Пред ждрепката, како што е познато, организаторите ги одбраа ‘домаќините’ на групите, па Данска ќе биде во групата Б, Германија ќе игра во групата А во во Хернинг. Во Норвешка ќе играат домаќинот во Групата Е, а селекцијата на Шведска во Групата Ф.
Хрватска ќе биде во групата Х а Словенија во групата Г, кои ќе се играат во Загреб. Австрија ќе биде во групата Ц во Пореч, додека Унгарија во групата Д во Вараждин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА