Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Катовице ќе ги добие противниците за пласман на Светското првенство кое ќе се одржува на почетокот на следната година, а домаќини ќе бидат Полска и Шведска.
„Црвено-жолтите“ на ждрепката се наоаѓаат во вториот барабан заедно со: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска што значи дека овие репрезентации не можат да бидат наши противници во првата фаза на шампионатот. Според практиката на ЕХФ, ждрепката е полудиригирана, па веќе е јасно дека Македонија нема да игра во групите Б и Г, во Катовице, односно во Јончепинг.
Полјаците ќе играат во Катовице, Швеѓаните во Гетеборг, а Јончепинг е зафатен затоа што таму е сместена Хрватска. Шпанија и Норвешка се во двете групи во Краков, Германија е во втората група во Катовице, Исланд е во Кристијанштад, а Данска во Малме.
Ждрепката е закажана со почеток во 17 часот.
БАРАБАН 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1
БАРАБАН 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија
БАРАБАН 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
БАРАБАН 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, САД, Холандија, Словенија
„А“ ГРУПА: (Краков, Полска) – Шпанија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Б“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Франција/Афрка 1, Полска, 3 шешир, 4 шешир
„Ц“ ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) – Шведска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Д“ ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) – Исланд, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Е“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Германија, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Ф“ ГРУПА: (Краков, Полска) – Норвешка, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
„Г“ ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) – Франција/Африка 1, Хрватска, 3 шешир, 4 шешир
„Х“ ГРУПА: (Малме, Шведска) – Данска, 2 шешир, 3 шешир, 4 шешир
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА