Репрезентацијата на Македонија до 14 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, загуби од селекцијата на Словенија со 4-3.
Дуелот беше интересен, и веднаш по првиот дел со пресврт. Македонија поведе со 1-0 уште во раната фаза од мечот, а Словенците вратија со три гола на полувремето, и дојдоа во предност од 1-3.
Сепак, Македонија не се предаде и стигна до 3-3, но во последните мигови од натпреварот гостинот постигна нов гол за конечен триумф.
Првиот меч меѓу овие две селекции заврши исто така со победа на Словенците со 3-1.
ФОТО: ФФМ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

