Младата репрезентација на Македонија до 17 години загуби од Австрија на гостински терен во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски може да жалат за пропуштените прилики за погодок и несреќниот гол примен во последните секунди од првото полувреме. Нашите млади фудбалери одиграа одличен натпревар, покажаа карактер и желба за надигрување против силниот противник.
Првата добра можност, Македонија ја имаше уште во 5. минута од мечот. Одличен слободен удар изведе капитенот Ѓорѓиевски, но неговиот удар заврши над голот на противничкиот голман. Во 24. минута одлична прилика не успеаа да искористи Дошев.
И во продолжението, Македонија играше добро, создаваше шанси, но не успеа да реализира ниту една од нив. За издвојување се можностите на Величковски во 58. минута и и Абиола во 76. минута.
Македонија: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Никола Ѓорѓиевски (к), Мухамес Елмас, Андреј Аризанковски, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА