Македонската репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Унгарија. Селекцијта која ја предводи Неџат Шабани ќе гостува во унгарски Ѓер. Првиот натпревар го играме на 14 . септември со почеток во 17:00 часот, два дена подоцна мечот ќе го одиграме од 11:00 часот.
Селекторот Неџат Шабани за претсојните контролни дуели со Унгарија ги повика следните фудбалери:
Голмани: Васко Василев (Црвена Звезда, Србија), Наум Ангелов (Њу Старс);
Одбрана: Марко Ристов (Работнички), Максим Милошевски (Македонија Ѓ.П.), Борјан Попоски (Работнички), Енис Буќи (Македонија Ѓ.П.), Давид Љушев (Работнички), Никола Павлевски (Македонија Ѓ.П.), Арбнор Мурати (Дуисбург, Германија);
Среден ред: Давид Дебрешлиовски (Победа), Марко Софијаноски (Њу Старс), Матеј Ангелов (Работнички), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница Штип), Хамза Меметриза (Шкендија), Аџе Кадриу (Македонија Ѓ.П.), Игор Јаневски (Силекс);
Напад: Марко Треневски (Њу Старс), Бесар Гуџуфи (ФК Бешикташ), Ерион Шуку (Слога Виница);
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА