Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција. На тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраниците на селекторот Дашмир Беари првиот дуел против Турција ќе го одиграат на 8. октомври во 14:00 часот. Втората контролна пресметка е закажана за 11. октомври со почеток во 14.30 часот.
„Дуелите со Турција ќе бидат наша последна проверка пред квалификацискиот турнир што не очекува во ноември. Не треба да се трошат зборови за Турција, се работи за селекција која располага со огромен квалитет и потенцијал. Добро се подготвуваме за овој натпревар, имаме одличен состав, задоволен сум од пристапот и залагањето на моите фудбалери на тренинзите, ќе биде тешко, но се надеваме дека можеме да ја изненадиме Турција“, изјави Беари.
Нашата млада репрезентација во ноември ќе учествува на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза што ќе се одигра во Албанија. Македонија е во група со Србија, Франција и Албанија.
Селекторот Дашмир Беари за натпреварите против Турција ги повика следните фудбалери:
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П), Кире Новаков (Триглав, Словенија), Гоце Јовчев (Вардар);
Одбрана: Љупче Кудев (Кит-Го), Самет Реџепи (Шкупи), Грегори Давков (Вардар), Филип Ѓоргоски (Вардар), Давид Бошески (Кит Го), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија);
Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Зуфер Шаини (Бриње, Словенија), Борче Гогов (Тиквеш 09), Алтин Весели (Ренова), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Матеј Ангелов (Работнички), Бесар Гуџуфи (Бешикташ, Турција), Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка);
Напад: Бехар Фета (Воска), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Дашмир Елези (Шкендија), Али Али (Ренова);
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА