Македонската фудбалска репрезентација до 19 години и се реваншираше на Грузија за болниот пораз во првиот меѓусебен натпревар со триумф од 1-0 во реванш средбата на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
За разлика од пред два дена кога нашите репрезентативци беа надиграни, овој пат Македонија беше онаа која се радуваше на победа благодарение на голот на Димитар Данев во 65. минута.
Со тоа избраниците на селекторот Тони Јакимовски забележаа половичен успех во контролните средби овој август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА