Македонија до Удине: Несторовски и Елмас на кафе пред меѓусебниот дуел (ФОТО)

Македонските интернационалци од италијанското првенство, Илија Несторовски и Ељиф Елмас малиот одмор пред денешниот дуел помеѓу Удинезе и Наполи (20:45) од четвртото коло го искористија за „кафе дружба“.

За жал двајцата нема да можат да настапат на теренот со оглед на тоа што напаѓачот на Удинезе сеуште се опоравува од повредата на коленото, но очекувањата се дека „бисерот“ ќе биде меѓу почетните единаесетмина на Лучијано Спалети.

Се вчитува...