ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонија ја забележа втората победа на СП 2025 откако нашите ракометари попладнево во одличен натпревар славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат.
Дефинитивно на овој натпревар најдобар на теренот беше неверојатниот Марко Митев кој мечот го заврши со пет гола, но и со многу асистенции за своите соиграчи.
„На натпреварот со Катар одевме на се или ништо бидејќи многу занчи ова за Македонија. Не очекува меч со Франција која ќе е фаворит, но ние ќе дадем максимум. Сите сме дојдени за да победуваме не за да губиме“, изјави Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА