Македонија се вклучи во трката за организација на Европското Првенство во одбојка во 2023 година, откако раководството на ОФМ испрати и официјална апликација за да биде ко-домаќин на ова големо натпреварување. Охрабрени по дебитантскиот настап на овогодишниот европски шампионат, челниците на „куќата на одбојката“ се заангажираа за нашата земја да добие организација на едно од наредните европски првенства.
Со оглед на продолжувањето на трендот ЕП да се играат во различни земји, ОФМ денеска поднесе официјална апликација да биде домаќин на една од групите-домаќини за ЕП 2023 за одбојкари во сениорска конкуренција, воедно и за целосна организација за ЕП за одбојкарки до 19 години, во 2022 година. Од ОФМ информираат дека пред да се решат на ваков чекор побарале и добиле писмена гаранција од македонската Влада којашто се обврза да помогне во обезбедување финанскиски, материјални, функционални и просторни услови за достојна организиција на овие врвни спортски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА