Од 14 до 20 април во Струмица ќе се одржи развоен турнир на УЕФА на кој покрај репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапат и селекциите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција.
Собирот на фудбалерите е закажан за вторник (14. април) во 10 часот. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 април, противник ни е Северна Ирска, а почекот е закажан за 15:30 часот.
На 17. април следува дуелот против Узбекистан, а три дена подоцна на програмата е соочувањето со Турција. И овие две средби почнуваат во истиот термин.
Селекторот Иљами Исејни за овие три средби ќе смета на следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Димитар Петров (АП Брера), Илан Мемети (Лозана)
ОДБРАНА:
Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев (Македонија ЃП), Амар Акики (Шкендија), Џихан Ибраими (Вардар).
СРЕДЕН РЕД:
Павел Стојанов (АП Брера), Ефе Раифи (Арсими), Арди Бајрами (Македонија ЃП), Далибор Марковиќ (Македонија ЃП), Александар Полимац (ИМТ), Марин Крстевски (Црвена Звезда), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Благоја Седлоски (Скопје), Матеј Бочевски (Македонија ЃП), Дардан Адеми (Арсими)
НАПАД:
Осман Исмаили (Аарау), Стефан Ристиќ (Партизан), Медин Емини (Кошице).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

