Ракометната Федерација на Македонија се избори за нашата земја да добие организација на уште едно големо натпреварување.
ИХФ повторно им укажа доверба на челниците на РФМ, доделувајќи ја на нашата куќа на ракометот организацијата на женското јуниорско светско првенство во 2024 година. Станува збор за шампионат за ракометарки до 20 години, на кои нашите ракометни надежи ќе можат да си ги одмерат силите со најдобрите репрезентации ширум светот за оваа возрасна граница.
Што се однесува до сениорските мундијали за мажи, ко-домаќини на СП 2025 ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка, додека организатор на СП 2027 ќе биде Германија.
Во женска конкуренција, Германија и Холандија ќе ја поделат организацијата во 2025, а Унгарија ќе биде домаќин на СП 2027.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА