ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн
Владимир Булатовиќ
Македонија игра без голови по првото полувреме против Лихтенштајн во Вадуц, во петтиот натпревар од Групата 4 во лигата Д од Лигата на нации. Составот на Игор Ангеловски целосно доминира на „Рајнпарк“ стадионот, но никако да го пробие „бункерот“ на домашните.
Македонската репрезентација комплетна иницијатива наметна од самиот старт на мечот. Но, по шутот на Тричковски од околу 22 метри во 7. минута првата вистинска шанса следеше во 12. минута. Трајковски нафрли од левата страна, Несторовски од десеттина метри со глава се обидова но домашниот голман брани.
Во 18. минута следеше 100% шанса за Хасани. Капитенот Пандев извонредно испрати длабочинска топка по десната страна, Хасани мајсторски ја прими во шеснаесетникот на домашните, но шутираше сантиметри покрај левиот дирек. Во 22. минута и Барди собра еден „отпадок“ со волеј удар шутираше од 20 метри но пред голот спасуваат домашните дефанзивци.
Пандев во 34. минута повторно одлично го проигра по десната страна Трајковски, но неговиот шут откосо блокиран во корнер. И, тоа беше се во првиот дел… До крајот на првите 45 минути само јалови напади!

ЛИГА НА НАЦИИ – Д ЛИГА (Група 4)
ЛИХТЕНШТАЈН – МАКЕДОНИЈА (прво полувреме: 0-0)
Рајнпарк стадион во Вадуц. Гледачи: 2.500. Главен судија: Петр Арделеану. Помошници: Надворник и Блажеј (сите од Чешка). Ж. картони: Висер (Л).
ЛИХТЕНШТАЈН: Бухел, Брандл, Гопел, Квинтанс, Селе, Висер, Салановиќ, Меер, Хаслер, Рихштајнер, Полверињо
Селектор: Рене Паулич
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Бејтулаи, Барди, Николов, Хасани, Тричковски, Трајковски, Пандев, Несторовски
Селектор: Игор Ангеловски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

