Македонија дополнително ослабена за мечот со Литванија: И без Итан Хап!

Македонската кошаркарска репрезентација дополнително ќе биде ослабена за двомечот со Литванија во квалификациите за ЕП 2025, откако денеска и дефинитивно е јасно дека нема да може да се смета и на натурализираниот Американец, Итан Хап.

Долго траеја надежите во националниот табор дека центарот ќе успее да се рехабилитира од повредата и да помогне барем за реванш натпреварот на гостински терен, но и дефинитивно Американецот со македонски пасош нема да може да биде на располагање на селекторот Александар Јончевски.

Првиот натпревар Македонија и Литванија го играат утре во 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24. ноември. На првиот дуел во Скопје нема да бидат ниту Ненад Димитријевиќ ниту Ти-Џеј Шортс, а за натпреварот во Литванија во составот, според најавите. ќе биде нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ.

Се вчитува...