Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска, па овој месец ќе биде на 134. место на листата меѓу 211 светски национални селекции.
Со 228 бода Македонија е на 134-та позиција, зад селекциите на Летонија, Тајланд, Свазиленд и Виетнам.
Од репрезентациите со кои сме во квалификациската група за пласман на СП 2018 во Русија, најдоброрангирана е Шпанија на 11. место, назадувајќи за една позиција во однос на минатиот месец. Италија е на 12. место, Албанија на 63-та позиција, Израел на 70. место и Лихтенштајн е на 191. место.
На врвот на ФИФА листата се проби Германија, пробивајќи се за две позиции, сега пред Бразил, Аргентина, Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција и Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА