Македонија е 24. ракометна сила во светот

Интернет страницата „HandballRanking“ состави ранг-листа од сите ракометни репрезентации во светот.

На листата која што е објавена на страницата, Македонија се наоѓа на 24. место со 1.436 бода, веднаш зад Бахреин, Тунис, Чешка и Холандија, додека под нас се Австрија, Чиле, Швајцарија, Романија, Црна Гора…

Најдобра светска селекција е актуелниот планетарен шампион, Данска. На второто место е Шпанија, а во топ 5 уште се и: Франција, Норвешка и Шведска. Инаку, ова е неофицијална ранг-листа, бидејќи ниту ЕХФ, ниту пак ИХФ не се занимаваат со ранкинг на своите членки.

Се вчитува...