Машката кошаркарска репрезентација на Македонија е на 57. место на светската рејтинг-листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на квалификациите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“.
По ова најново рангирање на Светската кошаркарска федерација, имаме вкупно 192.4 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.
Од нашите противници во групата репрезентацијата на Литванија, остана на шестата позиција во европски рамки, и има вкупно 701.3 бода.
Полска забележа пад од едно место, и сега е на 17. позиција во светот, односно на 11. во Европа со 593.6 бодови, додека пак Естонија е една позиција погоре, односно 43. позиција во светскиот, и 21. во европскиот рејтинг, со 282.1 бода.
Инаку, лидер во светскиот поредок останува САД кој има 839 бодови, на втората позиција остана Србија која собра 759.6 поени, пред Германија која има 755.3 бода.
Во светскиот ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА