Македонија ќе биде домаќин на уште еден ЕХФ шампионат, откако РФМ благодарение на претходните успешни организации ја доби улогата на домаќин и на шампионатот за кадети до 18 години што ќе се одржи следното лето во Скопје.
ЕХФ денеска потврди дека нашиот национален тим ќе биде домаќин, воедно и беше извршена ждрепка, со која Македонија се најде во групата А заедно со селекциите на Полска, Естонија и Грција. Во групата Б ќе се натпреваруваат Швајцарија, Украина, Грузија и БиХ.
Младинската репрезентација за ракометари до 20 години ќе учествува на ЕХФ шампионатот во Летонија, каде ќе се најдат во група со Белорусија, Луксембург, Косово и Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА