Македонија е горда: Трајковски го освои осмото место на ЕП во сала

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Апелдорн, Холандија, откако македонскиот атлетичар испиша историја станувајќи прв во историјата на овој спорт во нашата земја кој успеал да стигне до едно големо финале.

Тој имаше извонреден скок во вчерашните квалификации кога со 7,85 метри стигна до место во големото финале. Македонецот не успеа да стигне до таа должина, па така денеска најдобро достигнување му беше 7,65 метри, доволно само за осмото место во ова големо финале.

Трајковски скокна 7,59 метри во првата серија, во втората направи престап, во третата имаше 7,65, а во четвртата серија нашиот ас скокна само два сантиметри покусо од претходниот обид. Петтата серија Трајковски ја заврши со престап, исто како и шестата, но самиот пласман во големото финале е апсолутен успех на Андреас и на македонската атлетика.

Изненадувачки, златниот медал му припадна на Божидар Сарабојуков, кој во последната серија скокна 8,13 сантиметри, за еден сантиметар подобар скок од Италијанецот Фурлани и од Шпанецот Лескај.

Се вчитува...