Македонија е на 19. место на најновото рангирање на ЕХФ

Двете македонски ракометни репрезентации, во машка и во женска конкуренција, се наоѓаат на 19. место во Европа на најновото рангирање на ЕХФ објавено денеска.

По СП 2025, на врвот во машка конкуренција е Данска со 112 бода, пред Франција која на Мундијалот заврши на третата позиција и сега е со 105 бодови. Трета е Германија, а во топ 10 се уште: и Шведска (79), Хрватска (73), Унгарија (66.5), Португалија (65), Норвешка (65), Исланд (58)  и Исланд (58).

Македонија со 27.75 бода е на 19. место, зад Србија која има 29 бода.

Во женскаа конкуренција прва е Норвешка со 116 бода, пред Франција со 103 бода, па Данска со бод помалку, пред Шведска (86), Холандија (77), Германија (74), Унгарија (67), Црна Гора (66), Шпанија (51) и Словенија (49.5).

Женската македонска селекција е на 19. место со 23 бода, пред Украина со 22.5 бода.

Се вчитува...