На денешниот, седмиот конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка.
Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.
Македонија досега имаше статус на придружна членка.
Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштинa ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка.
Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

