Македонија е подготвена за нов Мундијал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација максимално подготвена ќе го дочека настапот на Светското Првенство и премиерниот меч што на 15 јануари нашите најдобри ракометари ќе го играат против Унгарија.

Атмосферата во таборот е максимално позитивна, каква што впрочем беше и на денешната прес-конференција што Ракометната Федерација на Македонија ја организираше заедно со својот долгогодишен спонзор „Македонски Телеком“.

Желба на сите е ракометарите како многу пати досега повторно да ја израдуваат нацијата, а нема сомнеж дека „фалангата“ во огромен број ќе отпатува за Вараждин и репрезентацијата ќе ја има на лице место поддршката што ја заслужува.

 

Се вчитува...