Македонија е првиот тим кој воопшто тренираше на новиот стадион на Стеауа во Букурешт (ФОТО)

Македонската репрезентација e првиот тим кој воопшто одржа тренинг на новиот стадион на Стеауа во Букурешт.

Стадионот кој е со капацитет од 31.000 седишта се уште го очекува официјалното означување како дом на Стеауа, кој во моментов игра на Националната арена, но затоа, пак, е определен како тренинг-база за ЕВРО 2020 за македонската селекција која во главниот град на Романија, пак, е сместена во „Мериот Гранд хотел“.

„Македонија е првата која го почувствува тревникот на новиот стадион на Стеауа. И тоа ќе остане запишано во историјата на овој стадион“ – пренесуваат романските медиуми.

Македонија вчера го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Букурешт. На тренингот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов кој им посака среќа и успех на Горан Пандев и момците.

Македонија во Букурешт игра два натпревари, на 13. јуни  против Австрија и на 17. јуни со Украина.

Се вчитува...