Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои третото место во групата во Дебрецин и покрај денешниот пораз од „минус десет“ од селекцијата на Унгарија.
Македонија и Турција влегоа со по еден бод во ова последно коло, а за наша среќа „црвено-жолтите“ имаа голема помош од репрезентативките на Шведска, кои во последниот меч во групата ја декласираа Турција со 47-19. По ваквиот исход, Македонија има еден бод и гол-разлика од минус 20, додека Турчинките имаат минус 34 и го освоија последното место во групата.
Двете селекции не ги продолжуваат настапите во следната фаза од ЕП 2024, но освоеното трето место во групата би можело да и донесе на Македонија полесен противник во следниот квалификациски циклус, за СП 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА