Ненад Костески со погодок во последните секунди и донесе победа на Македонија за полуфинале на ЕХФ шампионатот (У18) во Тбилиси Грузија. Во натпревар со многу пресврти, македонските кадети со фантастичен финиш ги победија Фарски Острови со 30-29 и со третата победа по ред осигураа пласман меѓу четирите најдобри.
И младинците на ЕХФ шампионатот во Скопје се мачеа во дуелот со Фарски Острови, а уште од страт се виде дека и кадетите ќе имаат проблем со островската репрезентација која нема прдзнак фаворит, но потврди дека може да биде многу незгоден противник.
Фарски Острови наметнаа темпо и во поголем дел беа во предност со 2-3 гола. Во финишот на полувремето, макеоднската репрезентација сепак, успеа да дојде до изедначување (16-16).
Доминацијата на противникот продолжи и во вториот дел. Фарски Острови повторно го презедоа водството, Македонија бркаше резултат, но не успеаваше да направи прсврт. Ѓосевски не искористи седмерец за изедначување, а противникот ја искористи својата шанса и поведе со 20-19. Неколку сигурни интервенции на Кизиќ одново ја вратија Македонија во игра по изедначувањето на 21-21 во 41.минута. Грешките во продолжението, но и чудните судиски одлуки во одредени ситуации сепак, им одеа во прилог на фарски Острови кои одново дојдоа на +3 (25-22).
Во последните пет минути од натпреварот Фарски Острови влегоа со предност од 28-26, а македонскиот селекторот Данило Брестовац, се обиде нешто да спаси во финишот со седум на шест во нападот. Македонија намали на 29-28, но и не искористи зицер за ново изедначување на минута и пол пред крај. За среќа, грешеа и фараните, а заработеа и исклучување. На спротивната страна Мартин Серафимов со својот девети погодок изедначи на 29-29, а на десет секунди пред крај, Марко Кизиќ одбрани седмерец. Брестовац побара тајм-аут, по кој следуваше одлично изведена акција и убав погодок на Ненад Костески од десно крило за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА