Македонија е во ТОП 10 земји во Европа по честа промена на тренери (ФОТО)

Македонија е во првите десет земји од вкупно 53 рангирани во Европи кои најчесто менуваат тренери во своите најсилни фудбалски лиги.

Согласно статистичките показатели, во Првата македонска фудбалска лига се менуваат 1,3 тренери во просек, по клуб во една сезона, што ја сместува Македонија на десеттата позиција на Стариот континент.

Интересно, во првите десет земји каде најчести се менуваат тренери се дури девет земји од Југоисточна Европа, а од Западна Европа единствено во првите десет е португалската Примера.

Лига каде најмногу се менуваат тренери е Суперлигата на Србија, каде има во просек двајца тренери по клуб во една сезона, а потоа следи Кипар, па хрватската Прва лига.

Во Топ 10 следат Бугарија, Турција БиХ, Романија, Албанија, Португалија и Македонија на десеттата позиција.

 

Се вчитува...