Македонија европски првак во фудбал – коефициент 50

Младинската репрезентација на Македонија важи за најголем аутсајдер на претстојното Европско првенство за играчи до 21 година, според коефициентите што се објавени од страна на светските обложувалници. „Бет 365“ ги објави квотите за ЕП за младинци во Полска, при што нашите фудбалски надежи се последнопласирани на ранг-листата. Конкретно, коефициентот за Македонија изнесува 50, па за едно вложено евро на успех на „црвено-жолтите“ би добиле 50 евра.

Главен фаворит за европската круна на претстојниот европски шампионат е селекцијата на Германија, за која коефициентот изнесува 2,75. Шпанија, која е прв ривал на нашата селекција во Полска, е втор фаворит со квота три, а за силата на нашата група доволно говори фактот дека Португалија е трет фаворит за златото, со квота седум.

Македонија својот прв натпревар на Европското Првенство во Полска ќе го игра на 17 јуни, против „црвената фурија“.

ЛИСТА НА ФАВОРИТИ НА „БЕТ 365“

Германија       2,75

Шпанија          3

Португалија   6

Италија            7

Англија            9

Полска             16

Шведска          16

Чешка              16

Данска             20

Србија              25

Словачка         25

Македонија    50

Се вчитува...