Национална селекција на Македонија Ф7, предводена од Горан Пандев и бројни поранешни македонски репрезентативци, за првпат во својата историја ќе учествува на престижниот меѓународен турнир – Купот на Конфедерациите кој ќе се одржи во Рим, Италија, на 13 и 14 декември.
Националниот тим, кој ќе биде составен од многу поранешни македонски репрезентативци.
На турнирот во Италија за Македонија ќе играат Един Нурединовски, Матеј Малинков, Бобан Грнчаров, Златко Таневски, Бојан Марковски, Влатко Гроздановски, Никола Глигоров, Дарко Глишиќ, Бобан Јанчевски, Филип Ивановски, а предводени од легендарниот Горан Пандев, еден од најголемите спортски симболи на македонскиот фудбал.
Македонија во Рим оди на официјална покана од претседателот на ФИФ7 Европа, Калчо 7 и Калчо 8 – Италија, Фабрицио Лофреда.
Фудбал 7 претставува еден од најбрзорастечките спортови во светот – динамичен, интензивен и исполнет со возбудливи моменти. Комбинацијата од техничка игра, брзи транзиции и постојана акција го прави овој формат идеален и за играчи и за гледачи. Со помал простор, повеќе дуели и почести ситуации за гол, Ф7 создава игра што е полна со енергија и адреналин. Токму затоа овој спорт привлекува сè повеќе учесници, клубови и обожаватели ширум светот.
Македонија Ф7 ќе има исклучителна чест да го отвори турнирот со Италија – вицешампион на последното Светско првенство во Фудбал 7, кое оваа година се одигра во Бразил, Куритиба. Учеството во Рим е огромен исчекор за развојот на Фудбал 7 и во Македонија.
За Италија ќе настапат и неколку поранешни професионални фудбалери, меѓу кои Гаетано Д’Агостино, Алесио Черчи, Давиде Москардели, Леонардо Бонучи и Антонио Ди Натале, што го прави овој дуел уште поважен и поатрактивен – вистински спектакл уште од првата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

